• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Срамот од Ковид-19 една од причините да се крие заболувањето

Млада тетовчанка е значително активна на социјалните мрежи на интернет, но и во секојдневната комуникација со луѓето, пред се со постарите лица.  Вели дека во разговори со луѓето забележала и постоење на срам кај дел од населението доколку имаат заболен од Ковид-19 во семејството. Таа се обидува да им укаже дека тоа не е срамно и дека е важно навремено да се побара помош од лекарите.

19/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Доника Бакиу од Тетово која има 27 годишната  е една од младите луѓе во градот кои се на секаков можен начин агитира меѓу луѓето за потребата од поголема совесност во насока со справување со коронавирусот. Младата тетовчанка е значително активна на социјалните мрежи на интернет, но и во секојдневната комуникација со луѓето, пред се со постарите лица.  Вели дека во разговори со луѓето забележала и постоење на срам кај дел од населението доколку имаат заболен од Ковид-19 во семејството. Таа се обидува да им укаже дека тоа не е срамно и дека е важно навремено да се побара помош од лекарите.

„Не е срамно некој  да се зарази со коронавирус. Не мора да се скрие, кажете ми, повикајте брза помош, побарајте помош, им велам. Не е срамота да бидете заразени со корона вирусот и важно е да се лекувате навреме. Срамота е да се биде безгрижен и да се зарази семејството и пријателите“, вели тетовчанката инаку докторант по албанологија.

Доника објаснува дека и покрај тоа што ситуацијата трае три месеци се уште се соочува со неверувањето кај луѓето за постоење на вирусот како и со непочитувањето на мерките за превенција од ширење на оваа болест.

„Сите ние имаме борба со корона вирус. Но, едно е сигурно, вирусот е меѓу нас. Вирусот постои. Имам молитва како жител на Земјата како човек кој го сака животот и сигурен сум дека сите го сакаме животот да ги почитуваме правилата“, рече Доника.

Младата активистка се обидува да им укаже на луѓето дека коронавирусот нема да го снема и затоа е потребно соодветно дејствување од секој поединец.

„Експертите велат дека ќе треба да се навикнеме да живиме со вирусот. Колку повеќе соработка имаме, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот. Затоа да почитуваме, заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски. Да ја сфатиме сериозноста на овој непредвидлив вирус и да го заштитиме јавното здравје, потенцираа таа.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје согледуваат дека собирањето на луѓето и неносење на заштитни маски и понатаму се главни причини за ширење на коронавирусот.

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Казни за неносење маски во тетовско добиле 83 лица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!