Двајца каратисти на КК „Шарпланинец“ освоија медали на државното првенство за деца од 10 до 13 години што вчера се одржа во Кавадарци, информираат од клубот.
Единаесетгодишниот Филип Бојчев освои второ место и сребрен медал во категоријата на натпреварувачи во спортска борба-кумите над 50 килограми. Тој имаше две победи и еден пораз.
Дванаесетгодишната Михаела Сапунџиевска освои трето место и бронзен медал во категорија на каратистки под 45 килограми во спортска борба. Таа имаше три победи и еден пораз.