Средното медицинско училиште „Никола Штејн “– Тетово по повод нивниот патронат како и денешниот Светскиот ден на здравјето организираа јавен настан во центарот на градот. По повод Светскиот ден на здравјето учениците правеа проверки на заинтересирани минувачи на нивото на шеќер во крвта и слични медицински проверки. Воедно имаше и презентации на смеровите во училиштето за заинтересираните ученици од основно образование.
-Организирани сме со ученици и колеги да ги информираме учениците од основни училишта да видат какви смерови и услови има кај нас. За сензибилизација на здравјето, според смеровите учениците ги демонстрираа нивните знаења, изјави директорот на училиштето Бинас Пајазити
Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами исто така се запозна со активности на училиштето.
-Треба да го чуваме нашето здравје, посебно што поминавме две години со Ковид-19, за добро здравје потребно ни се физички активности. Порачувам младите повеќе време да посветат на тоа, да бидат во природа согласно поговорката „Во здраво тело, здрав дух“.
Ова училиште во прва година може да запише 714 ученици во 21 паралелка. Од нив 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик, 476 ученици во 14 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелкa на турски јазик
ас