Со многу емоции и тага на присутните денес во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово се одржа комеморација посветена на директорот Небојша Трпковски, кој почина на 41 година на 26 март. Небојша Трпковски започнал да работи пред 16 години како наставник во електротехничката струка, а три години беше и директор.
-Овој собир говори за ликот и делото за нашиот драг колега, пријател и директор и кажува каков човек беше и што остави. Велат човекот не умира со неговата смрт, ќе живее во нашите мисли и сеќавања. Ќе го продолжиме неговото дело, себично ќе го чуваме од заборав, истакна Димитрије Апостоловски, в.д директор на училиштето.
-Учениците го сакаа и почитуваа затоа што неуморно се посветуваше во изнаоѓање на иновативни начини да го пренесе знаењето, да ги мотивира, да ги подготвува за натпревари каде имаа освоени први места, знаеше да ги насочува и да им отвора видиците. Се карактериризираше со амбициозност, креативност и желба за напредување. Меѓи првите работеше на интергираното мултиетнично образование. Држеше обуки надвор од училиштето, стана координатор за проектите од Еразмус плус прогрмата, реализираше 20-тина проекти со партнерски училишта од цела Европа по што ставанеме лидери, препознатливи во среидната и на ниво на Републиката, истакна помошник директорката, Светлана Милошевска.
Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности и образование истакна дека во оваа година на пандемија Тетово покрај Небојша како директор на средното училиште, изгуби уште еден директор на основно училиште, десет наставници како и голем број на пензионирани наставници.
-Александар Велики некогаш рекол дека важно е за човекот да живее кратко но и исполнето со дела, отколку да живее долг живот но во темнина и без никакви дела. Исто така дека важно е животот да се исполни не со денови туку деновите да се исполнат со живот Таков беше мојот драг колега и директор Небојша со кого соработувавме веќе три години. Многу подолг период се знаевме со него, имавме добри заеднички поминати моменти. Не поврзуваа многу заеднички работи, особено нашето потекло од Теарце. Како карактери бевме слични. Многу малку се знаше за Еразмус проектите.Беше меѓу првите беше кој почна и стана лидер во ова училиште. Ова беше најзадолжено училиште во државата и често разговаравме што ќе правиме со тој долг. Ќе се најде чаре, рече Небојша. Од први јануари ова училиште е со нула долгови. Како го направи, рече ми помогна Господ. Тоа што го имаше ветено го исполни. Успеа да училиштето го ребрендира во Регионален центар за стручно образование, истакна Ахмед Ќазими.
Пред присутните зборуваа и професорите Душан Станојевиќ и Сулејман Мехази како и претставникот на училишниот одбор Салајдин Бехадини.Присутните имаа можност да ги истакнат своите мисли во книга на жалоста.
А.С