• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Теми и интервјуа

Српска книга за тетовските слави адетите ги опишува на македонски јазик и тетовски дијалект, открива е-библиотеката на хроничарот на Тетово, Дарко Гавровски

08/08/2020
во Теми и интервјуа
0
SHARES
366
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Големиот број книги, прилози, документи и пишан материјал кои Дарко Гавроски како хроничар на градот ги користел во изминатиот период за собирање на историски податоци за Тетово ќе ги стави за јавно користење преку интернет. Тој одлучил над 200 книги кои ги има и ги користел да бидат достапни за сите.

Во неговата е-библиотека на располагање има дела со огромно значење за историјата на Тетово, почнувајќи со „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ напишано на црковнословенски со македонски и тетовски говори пред 204 години во 1816 година.  Како значајна за Тетово, посочува српска книга за семејните слави каде адетите се опишани на македонски јазик и тетовски говор.

– Бидејќи досега не е објавуван електронски,секој има раритетна можност да го види „Гласник на етнографскиот музеј во Белград“ од 1931 ггодина каде има прилог „Семејни слави и други слави во Тетово“ во кој се опишани тетовски семејни слави, имендени, еснафски слави и црковни слави.  Гласникот е напишан на српски јазик но сите адети и изговори и објаснувања за славите се опишани на македонски јазик и тетовски дијалект, потенцира Гавро, како што сите го познаваат во Тетово.

Објавено е и делото „Полог-антропогеографски истражувања“, издадено во 1976 година од Јован Ф.Трифуновски.

-Тоа е најдетално проучување на сите села во Полог. Топоними, историја на секое село заедно со сите родови и фамилии во секое место-кои се исселени, доселени, староседелци.  Тука е и епохалното дело на Р.Грујиќ од 1933 за средновековно Тетово и Тетовско насловено „Полошко –тетовска епархија и манастир Лешак“ (дел од Гласник на скопско научно друштво).

Мотивот како и секогаш досега е Тетово и неговата љубов кон родниот град.

-Во 25 години истражување има над 200 книги кои сум ги користел за разни поводи како за пишување на моите дела, за објавување на информации и податоци на интернет страницата и групата на Фејсбук. Започнав со десетина наслови и полека сакам да сите да бидат објавени. Вака нема да ги чувам љубоморно само јас, туку ќе ги споделам за сите идни истражувачи да можат да ги користат како што јас тоа досега сум го правел, вели Гавровски.

Онлајн објава има и на неговата книга од 2009 година насловена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај“.  Покрај ова дело Гавроски како хроничар на градот е автор и на делото „Тетовскиот говор, енциклопедиски речник и граматика“.  Во своето истражување за втората книга користи голема  библиографија од над 600 извори-книги, списанија, пишани документи, како и стотици интервјуа.

Гавроски пред неколку години ја создаде песната „Ја го љубим Тетоо“ на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот. Има материјал за издавање уште книги-посветени на тетовските села и летопис за средновековието во Тетово.

Голем дел од податоците и информации за Тетово Дарко ги има поставена на интернет страницата www.gavro.com.mk што се смета за Тетовопедиа.  Има и страница на социјалната мрежа Фејсбук со речиси 10 илјади посетители.  Е-библиотеката на Гавровски линк тука.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Теми и интервјуа

Без стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен

11/12/2020
Теми и интервјуа

Страдањата од бугарска фашистичка окупација во Тетовско опишани во неколку книги

06/12/2020
Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

02/11/2020
Следна објава

Одбележани 19 години од нападот кај Карпалак

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!