• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Станислав Бојчески : Полицајците покажаа непотребна сила и создадоа страв кај младите кои беа третирани како криминалци

02/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Станислав Бојчески советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово побара одговорност од институциите особено од полицијата поради викенд акцијата во неколку кафулиња во градот. Тој потенцира дека младите беа третирани како криминалци при што полицајците од специјалните единици покажале и непотребна сила.

-Како млад човек од Тетово сум згрозен од однесувањето на Македонската полиција овој викенд во тетовските кафулиња. Како што сте запознаени овој викенд имаше акциска контрола по тетовските кафулиња, но за оваа регуларна акциска контрола не се користени секакви полицајци туку припадници на Единцита за брзо распоредување со полна борбена опрема.

Како претставник на младите во Тетово би ги замолил пратениците од власта од Тетово да ги постават следниве прашања на наредната собраниска седница за пратенички прашања:

– Би сакал да го запрашам Министерот за внатрешни работи и началникот на СВР Тетово дали младите во Тетово се најголемите криминалци за да вршите контрола со единица која се користи во случаеви од висок ризик?

– На кого му оди во корист заплашувањето и покажувањето на сила од МВР?

– Како претставници на партија која се залагаше за реформи во полицијата во 2016, и се залага за интеграција на Македонија во ЕУ дали ваквото однесување на МВР влева доверба кај граѓаните кон полицијата и дали во европските градови, кон кои се стремиме да се доближиме, полиција за проверка на лична карта и вакцинален сертификат користи специјални одреди на полицијата?

Тоа што го видовме викендов беше срам за Македонската Полиција и покажување на беспотребна сила кон народот во Тетово. Во овие тешки времиња народот во Тетово живее во страв и неизвесност поради зголемените цени и инфлацијата, и наместо вие како лидери да го смирите народот вие одбравте пат кон води кон зголемен страв и неизвесност.

Тетовчани добро ќе ги запаметат сликите од саботата каде младите во Тетово беа третирани како обични криминалци. Тетовската младина како и секој друга граѓанин ужива пресумпција на невиност, и заслужува службите кои ги плаќа преку своите даноци да се однесуваат без закани и агресија, вели Станислав Бојчески во своето обраќање до јавноста преку социјалните мрежи.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Одбележан Денот на Општина Тетово 3-ти Март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.