• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 4 март 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide Тетово Инфо лого Slide
Home Теми и интервјуа

Староста како тема во најновиот роман „Отпадот од духовните контејнери“ на писателот Јован Дамјановски

20/02/2021
во Теми и интервјуа
0
SHARES
240
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Староста е голем товар но и голема среќа да се доживее, вели писателот од Тетово Јован Дамјановски објаснувајќи го најновното творештво, неговиот 17-ти роман насловен „Отпадот од духовните контејнери“во кој оновната тематска насоченост се староста и луѓе во старосната возраст, за прашања поврзани со таа доба од животот.

Авторот и самиот во осмата деценијата од животот, објаснува дека дека во романот се обидува да прикаже како се доживува староста и како треба да се претстави животот на старите, затоа што  животот е и за старите луѓе, не само за младите. Романот се подготвува за печат.

-Староста е голем товар но и голема среќа да се доживее. Во повозрасни години на човекот му се потребни лекови, аптека, но тоа е за физичкиот дел за телото. За душата му се потребни душевни контејнери во кои треба да се сместува отпадот од психолошкиот живот, отпадот од етиката и моралот на живеење за цел живот, но романот збори посебно за староста, објаснува писателот.

Тој вели дека во романот отпадот од духовните контејнери го претставува како нешто што може да се замисли, бидејќи тоа не постои.

-Има разлика од кантите за ѓубре, за отпадот што го исфрла човекот, со отпадот има и органски материи па може да се одгледуваат растенија. Ама не е така со отпадот од „духовните контејнери“ со нивниот мирис која ја загадува околината односно животот, таму каде се сместени човечките карактеристиски, а најлошите најмногу мирисаат. Тој мирис ја загадува околината и за оние кои се уверени дека чесно живеле во сопствениот живот за оние кои што се морално и етички на погрешно ниво и поради тоа очекуваат да бидат наградени со нова среќа со нов почеток независно од годините и очекуваат во религизона смисла и да го заслужат рајот затоа што чесно живееле, вели Дамјановски,

Ова е приказна за двајца Македонци, Марко и Злате, кои се печалбари во Женева, Швајцарија. Како што често пати во делата Дамјановски пишува за дијаспората за оние кои се одвоиле од матичната земја но секаде се исти Македонци.

-Тие се оттргнати, живеат како откорнатици од македонското национално ткиво, како печалбари но и таму се чувствуваат како Македонци. Затоа што биле фер во животот, затоа што ги почитувале правите човечки вредности,  очекуваат и во друга земја да бидат почитувани како луѓе, објаснува Јован.

Главна работа и дејствие помеѓу двајцата е пријателството што претставува среќа за нив за да можат да си ги раскажуваат своите проблеми, да наоѓаат решенија за тоа што е животот, што е староста.

-Пред се сфаќаат што и да се направи како и да се прилагодуваат, како и да се врзуваат во животот и какви вредности да имаат сепак староста не се успорува. Таа си оди кон вечната тишина, бесконечноста и во смртта од која и двајцата се плашат. Има едно прашање дали љубовта се случува во стара возраст, бидејќи едниот од нив има авантура со Французинка и е свесен дека судбината не може да ја кроиме самите. Судбината не ја кроиме самите но предизвиците како што е и овој предизивик за љубовта може да ја предизвикуваат судбината но и самиот предизик е судбина. Според тоа ако зборуваме и за предизвик и за судбина, љубовта се случува но не може да се биде иста како во младоста, раскажува романсиерот.

За овие два лика нема поединечни прототипови туку се општо, луѓето од возрасната граница. Во епилогот на романот Злате останува да живее во Женева и оди во старски дом со жената. Главниот лик Марко на кого му е почината жената се мачи со отвореното прашање, како да го продолжи животот. Кога решава да се врати во родниот крај се појавува пандемијата во светот и земјите ги затвораат со границите. Поради тоа останува во Женева.

-Во своите книгите како начин на изразување се служам со словенска антитеза.  Моите ликови од кои најголемиот број се прототипови од стварноста од животот во моите приказни самите поставуват прашања и самите одговараат. На некој начин главна ориентација е реалистичен начин на пишување и драми кои ги пишувам како романи. Се користам со книжевниот феномен да се оствари допир со стварноста со животот. Во речиси сите романи се служам со комплексната аналитичка психологија на Карл Густав Јунг кој зборува за човечкото несвесно во кое треба се вложува освен што се користи. Што се однесува до филозофската доктрина Толстоештвина во сите ликови приказни се обидувам да го претставам човекот како суштество  кое ниту само е добро ниту само лошо, туку можеби добро или лошо во зависност од околностите во кои ќе се најде. рече Дамјановски.

Творештвото на Дамјановски е анализирано од повеќе книжевни теоретичари и аналитичари како Гане Тодороски, Науме Радически, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Раде Силјан, Светлана Христова Јоциќ и други.  Во книгата „Македонска литература на 21 век“ (Матица Македонска, 2007) поговор насловен како Проширени белетристички видувања на македонскиот актуелен миг Гане Тодоровски посочува:  Романот на Јован Дамјановски „Жолта минута“е современа тема во која доминира стратешката авторска ориентација на романсиер со визија. Дефицитарна е македонската прозна белетристика од профилот на ваква формирани и одважни автори во чија компетенција и квалификација се обединуваат разумот, моралот, познавањата и респектот, емоцијата и актуелноста.

Авторот Дамјановски е роден 1946 година во Тетово и член на Друштвото на писателите на Македонија од 1992 година. Покрај на романи, автое е и на книги со раскази, драми и сценарија.

Александар Самарџиев 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

За книгата „Тетовскиот говор“ тетовчани со резервации кај авторот Дарко Гавровски

27/02/2021
Теми и интервјуа

Неказнивност за семејно насилство- во Тетовско ниту една ефективна затворска казна во 2020 година

24/02/2021
Теми и интервјуа

Дијабетичари по прележан ковид се мачат да гo стабилизираат шеќерот во крвта

06/02/2021
Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Следна објава

Почна собирањето потписи против законот за попис во рамки на иницијатива „Стави го својот потпис за вистински попис“

Tetovo, Macedonia
четврток, март 4, 2021
Sunny
15 ° c
29%
3.11mh
-%
14 c -7 c
чет
6 c -1 c
пет
7 c -4 c
саб
10 c -5 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!