• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Стевица Сарковски : Сета наша енергија ќе биде насочена кон остварување на проектите кои ги ветивме во досегашната изборна кампања

15/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО Народна партија за Општина Тетово, Стевица Саркоски ја одржа  последната прес-конференција во пресрет на крајот на кампњата за локалните избори кои се одржуваат во недела.

Почитувани граѓани, на претстојните избори Ве повикувам да и дадете поддршка на онаа програма за која сметате дека најдобро може да ги реши Вашите проблеми. Ние од ВМРО Народна партија, покрај политичките барања кои ги претставивме пред тетовчани и кои гледам дека полека ги прифаќаат и нашите противкандидати, високо на својата агенда го имаме и подигањето на еколошката свест кај граѓаните, зошто ние заслужуваме да живееме во чиста и зелена животна околина. Со ВМРО Народна партија граѓаните се чекор поблиску до град без диви депонии, град со чиста вода за пиење, до средување на сообраќајниот хаос.

Од Вас само бараме да почнете да барате одговорност од оние кои сте ги избрале за решавање на Вашите проблеми и кои потфрлиле во својата работа. Ние тргнуваме со мотото дека политичарите се слуги на граѓаните, а не обратно.

Ќе бидете сведоци дека сета наша енергија ќе биде насочена кон остварување на проектите кои ги ветивме во досегашната изборна кампања.

Кога сме кај изборната кампања, ова е мое последно јавно обраќање до граѓаните пред изборниот молк. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на нашите противкандидати и на сите учесници на овие избори што водеа демократска кампања, без ниски удари, иако сметам дека истите ја промашија целта. Ова од причина што наместо на локалните проблеми, фокусот им беше насочен како да станува збор за парламентарни избори: владеачката СДСМ нудеше проекти со пари од централната власт, додека, пак, на опозициската ВМРО ДПМНЕ фокусот им беше рушење на Владата на Заев.

Во секој случај, им посакувам успех и на едните, и на другите, а воедно сакам да ги повикам тетовчани да излезат масовно на овие Локални избори и со заокружување на бројот 14 да дадат поддршка на советничката листа на ВМРО Народна партија.

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Вулнет Мурсели : Семејството е темелот на успехот, таква грижа ќе имам и за целиот град

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.