• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Стевица Саркоски : Македонците мора да имаат една политичка функција во Општина Тетово, како претседател на Совет

02/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

ВМРО Народна партија ќе бара примена на Мајскиот договор на локално ниво, односно формирање на мнозинството да биде на принципот „победник со победник“. Ова на денешната прес-конференција го истакна носителот на листата со кандидати за советници Стевица Саркоски.

-Во оваа прилика сакам јавно да ја поставам дилемата кој дозволи во минатата локална власт да не партиципира партијата на Македонците која освоила мнозинство гласови. Дали Мајскиот договор важи за СДСМ и за ДПМНЕ? И на оваа прес конференција, но и во сите наредни мои излагања ќе инсистирам да биде постигнат договор помеѓу партиите од македонскиот блок ниту една партија да не партиципира во локалната власт сè додека не се издејствува Македонец да биде Претседател на Советот. Македонците мора да имаат една политичка функција во Општина Тетово,рече Стевица Саркоски, носител на листата со кандидати за советници.

Тој потсети на алармантната состојба со управувањето со отпадот во Тетово и ја посочи идејата за поефикасно справување преку фабрика за третирање на сметот.

-Дивите депонии, несобраниот и расфрлан отпад, лошата миризба  се постојано околу нас. Иако во минатото се најувуваа многу решенија, од локални проекти до регионална депонија, сликата остана иста. ВМРО-НП Тетово има решение за отпадот, а тоа е Фабрика за отпад која ќе го преработи целиот комунален отпад од Тетово и околината. Фабрика која има нула емисии на штетни супстанци при преработката на отпадот.Потенцијален странски стратешки партнер е подготвен со инвестиција да влезе во овој проект партнерски со Општина Тетово. И затоа по конституирањето на Советот на Општина Тетово, советничката група на ВМРО-НП на седница ќе ја постави и точката за започнување на постапка за Изградба на фабрика за отпад, рече Саркоски.

Носителот на листата согласноидејата на еден од противкандидатите предлага партиите од македонскиот блок да потпишат договор со кој идните советници би донирале по 3 месечни паушали во годината како помош на семејства од социјално-ранливите категории.

-Во оваа прилика сакам да упатам апел до медиумите да биде организирана дебата на која ќе учествуваат носителите на советничките листи и на која директно ќе ги соочиме нашите ставови, погледи, но и понудените решенија за проблемите со кои тетовчани секојдневно се соочуваат. Само во телевизиска дебата граѓаните јасно ќе можат да ја препознаат вистинската програма и вистинските кандидати за советници, рече Саркоски.

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Утре во Тетово официјална промоција на кандидатите на СДСМ за градоначалник и советници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.