• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Стигнаа автобусите за јавен превоз во Тетово, за распоред и цени ќе се чека одлука на Советот

17/01/2021
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово пристигнаа петте автобуси кои градот ги набави преку кредит од Светската банка со цел да овозможи јавен превоз на патници во рамки на оштинските граници. Беше извршено примопредавања од страна на фирмата добавувач до општина Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи најави дека во Тетово и во скоро време ќе започне организиран градски автобуски превоз.

-Градот што го сакаме и за кој работиме со голема посветеност, денес ги доживува придобивките од вистинска институционална организација, каде граѓанинот има право и можност да избере дестинација, маршрута и конечна адреса, со погодност за транспорт кој обезбдува независно и самостојно да стигнеме и ние и нашето семејство. Организираниот градски превоз многу скоро ќе биде ставен во функција. Подготвена е целата инфраструктура важна за функција на овој вид превоз, поставени се автобуските постојки, соодветната сигнализација е веќе поставена, а воедно работиме и на едукација на граѓаните за придобивките од овој вид на превоз во градот како и за еколошките придобивки  и намалувањето на гужвите низ градот, истакна Теута Арифи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на настанот истакна дека автобусите се земени со поволни услови за кредит од Светска Банка.

-За овој проект одобрени се 1 милион и 200 илјади евра со 13 годишна отплата со 3 годишен грејс период и со 3 % каматна стапка.  Заштедени се средства со оглед на конкуретна постапка и од 1,2 милиони евра и само 720 илјади се реализирани во цела постапка за овие автобуси. Што значи дека остануваат дополнителни средства за општината да се искористат за слични проекти од комуналната инфраструктура и се што значи подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, рече Фатмир Бесими.

За да почне да функционира јавниот превоз, да се определат распоредот на возење и цените треба да одобри Советот на општина Тетово.

-Паралелно со обврските на формирање на јавното претријатие „Тетово транспорт“  тие на следна седница на советот ќе излезат со предлог за плаќањето како и распоред на движење на автобусите. Правиме координација и другите ред формалности, имајќи во предвид и пандемија очекуваме брзо да бидат во функција, нема други пречки, освен да помине во Советот одлука за цените и распоредот, рече Арифи.

На новинарско прашање што ќе се случува со бројните комби возила кои досега вршеа ваков превоз низ градот и селата, а дел од нив се и нелегални, градоначалничката без конрекретен одговор.

-Тие се ситуациии долговечни и колку и самиот град. Важно е да се покрие урбаниот дел со градски превоз и исто така другите прашања ќе се најдат решенија. За да добиеме кредит од Светска банка имаше направено физибилити студија, без тоа немаше да се добијат средствата. Работиме и градиме урбан концепт околу  начинот да се стигне од едно до друго место, рече Арифи.

Дигиталните табли за известување на автобусите немаат кирилична поддршка и на македонски јазик се пишуваат информации на латиница.

Автобусите се од марката на возика Исузу, прилагодени за влегување на лица со инвалидски колички, детски колични и луѓе со потешкотии во движењето.

А.С

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава
МВР

Затворени локали во Тетово и Горно Седларце кои работеле спротивно на мерките за спречување на Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.