Излезе од печат стихозбирката „Огледало на душата“ чиј автор е средношколката Ангела Андоновска од Тетово. Ова е прво поетско дело на тетовската ученичка.
-Во оваа мое првенче насловено како „Огледало на душата“ е собрано творештвото пишувано во текот на моето основно образование,стихови поезија кои беа слушнати на безброј манифестации на моите поетски патешествија заедно со мојата менторка Елизабета Стојчевска. Стихозбирката е поделена на три циклуса: Жената со очи бисерни, Последната Роза и Бадникова вечер,вкупно содржи 43 поетски и прозни творби, изјави Ангела Андоновска.
Рецензент на стихозборката е познатиот писател за деца и возрасни Горјан Петревски.
-Тој добро познавајќи ме, ме опиша мене и моето творештво на најдобар можен начин допирајќи длабоко во интимата на една тинејџерка во својата рецензија поделена во три пасуси-првиот да се умее да се пресоздава светот во себе и околу себе, вториот како најава за надареност преку вдаховени стихувања и третиот дека кога се пишува поезија сепак се воспева животот, вели младата авторка.
Понатаму во рецензијата Петрески вели дека разгледувајќи ја стихозборката „Огледало на душата“ дека се потсетува на раните почетоци на Ангела Андоновска уште од пред неколку години кога храбро чекорела кон брановите на творечкиот океан и секаде каде што се појавила била забележана со своите стихови.
-Така растеше и младата поетеса ,со силна верба во она што го создава и решена да не се повлекува, а со тоа да продолжи да верува во она што си го замислила. На тој начин Ангела Андоновска,еве стигна и до својата поцелосна објава, до првата стихозбирка „Огледало на душата“. Уште би се надоврзале на насловот и би додале на растреперената и кревка душа на девојче кое песните не можело да ги задржи во себе гласно за да не проговорат и ги пишувала тукуречи до своите четиринаесетти. Убав почеток што ветува, но и уште поголем мотив да не застанува, се вели во рецензијата на Петревски.
Издавач на делото е Центар за култура „Иљо Антески Смок-Тетово“, уредник е Мирко Видоески, а лектор Елизабета Стојчевска.
Ангела завршила основно образование ОУ „Андреа Савевски Ќиќиш“, а сега е трета година во средното медицинско училиште во Тетово.
ас