• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Стотици евра се потребни на фирмите при жалба за јавна набавка

Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претпрел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка.

26/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За постапката за правна заштита на економски оператори/фирми пред државната комисија за жалби по јавни набавки во рамки на проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“  што го спроведуваат невладината организација „Младинска Алијанса“ и Тетово инфо ги објавуваме информациите кои им стојат на располагање на граѓаните со цел да испратат жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Оваа комисија е самостоен и независен орган формиран од Собранието кој ја има има централната улога во системот на правна заштита во јавните набавки и една од главните контролни функции.

-Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претпрел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правна заштита може да бара и Јавниот правобранител на Република Северна Македонија, кога ги штити интересите на државата или јавниот интерес, се вели во постапката за жалби објавена на интернет страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

За да се покрене жалбена постапка пред Комисијата потребно е економскиот оператор за уплати  надоместок за водење на постапка како и административна такса.

Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката во зависност од висината на понудата во јавната набавка:

– до 20.000 евра  во денарска  противвредност,  надомест од  100 евра  во денарска противвредност;

– од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надомест од 200 евра во денарска противвредност;

–  од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 300 евра во денарска противвредност, или

–  над 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 400 евра во денарска противвредност.

Административната такса изнесува 250 денари.

Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

Подносителот на жалбата во постапката за правна заштита е должен да докаже или да го стори веројатно постоењето на фактите и причините кои се однесуваат на правото за поднесување на жалба, повреда на постапката, или повреда на материјалното право, кои се истакнати во жалбата.

Постапката на правна заштита започнува со поднесување на жалбата, односно со барање за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка заради недоставување документација до Државната комисија.

Странки во постапката на правна заштита се подносителот на жалбата, договорниот орган и избраниот понудувач. Странките во постапката може да ги застапуваат полномошници.

Жалбата се изјавува до Државната комисија, а се поднесува лично или со препорачана пошта, истовремено до договорниот орган и до комисијата.

Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”.  Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Стариот дел од Тетово без вода поради дефект во водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.