• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Теми и интервјуа

Страдањата од бугарска фашистичка окупација во Тетовско опишани во неколку книги

06/12/2020
во Теми и интервјуа
0
SHARES
1.6k
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Книгата „НОБ (Народно-ослободителната борба) во селата под Љуботен“ како и Вратничка енциклопедија се дел од публикациите во кои жителите на Вратница и околните села ги имаат евидентирано состојбите за време на Втората светска војна и окупацијата од бугарската фашистичка војска. Во втората светска војна токму во Тетовско била и една од границите помеѓу бугарската и италијанско/балистичката окупација, со поставена граница кај Теарце.  Вратница и околните села биле под бугарска окупација.

Книгата „НОБ (Народно-ослободителната борба) во селата под Љуботен е од авторот Душко Атанасовски издадена во 1971 година. Детално се образложени убиствата на младите луѓе во Вратница кои се направени во октомври 1943 година.

-Селата под врвот Љуботен, Вратница, Беловиште, Старо село  и други кои во текот на Втората светска војна се под окупација на фашистичката војска од Бугарија за неколку дена во октомври 1943 година бележат убиства и масакрирале на 15 луѓе, активисти, соработници и борци на народоноослободителното движење.  Двајца се борци на Шарскиот партизански одред, 5 активисти од Вратница, 5 од Старо село и двајца овчари од Орашје и еден активист од Беловиште, се наведува во книгата „НОБ во селата под Љуботен од авторот Душко Атанасовски, првоборец и носител на партизанска споменица од 1941 година.

Една од потрагичните судбини на младите луѓе од Вратница е евидентирана и во „Вратничка енциклопедија“. Станува збор за 19 годишниот Симче Настовски кој е заробен, мачен и убиен неколку дена пред неговата свадба.

-Симче бил фатен во својата куќа. Бил одведен во општинската зграда средсело, каде бил мачен за да каже се што знае за борците и за шарскиот партизанскиот одред. На пат кон планината Бугарите уапсиле уште двајца вратничани Стеван Крстевски и Стоље Ацовски и сите заедно се мачени и убиени, се наведува во енциклопедијата.

Неговата мајка Менџа неколку дена иако го немало Симче, продолжила со подготовките за свадбата. Во саботата кога го нашле мртов во планината и го донеле во село, таа наредила на роднините и соседите дека ќе продолжи со подготовките.

-Свадбата на Симче наместо дома, ќе му се прави на гроб. Ако Симче не се оженил за Лена, ама барем погинал за слобода“ изговорила Менџа.

Сакала да се овековечи моментот па повикала и фотограф од Тетово, што за тоа време било многу тешко изводливо, но сепак тој стигнал и ја направил фотографијата од погребот која е поставена во Вратничка енциклопедија издадена во 2019 година.

Основното училиште во Вратница е именувано по Симче Настовски.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Теми и интервјуа

Без стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен

11/12/2020
Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

02/11/2020
Теми и интервјуа

Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза

24/10/2020
Следна објава

Пет лица мигранти од Либија откриени на терминал во Тетово

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!