Со изложба на макети за хотелски капацитети студентите од Факултетот за применети науки на Универзитетот во Тетово се претставија пред јавноста со нивните стекнати знаење за проектирање на ваков вид на објекти и капацитети.
Студентите од трета година на студиската програма за архитектура преку своите дела прикажаа некои од најсовремените концепти на дизајн на хотелски објекти, соодветно на предметот Архитектонско студио 5, што конкретно се занимава со дизајн на хотелски објекти.
-Со оглед на историјата на хотелските капацитети, современите концепти за дизајн, но и многуте предизвици во областа на туризмот, предизвикани од пандемијата, студентите успеаа да покажат поинаков пристап кон дизајнот на објектите од оваа категорија. Нивната работа е за поздравување и ние како професори се чувствуваме горди на генерациите, кои секогаш ги подготвуваме со надеж дека во иднина ќе можат да станат уште постручни во својата професија“, рече Доц. Д-р Нуран Салиу, предавач на предметот.
А.С