• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Субвенциите за инвертери одобрени преку програма за животна средина на Советот, опозоцијата предупреди на популистичкиот карактер на мерката

Беше изгласана и измена во буџетот со оглед дека од државната каса Тетово ќе добие 93 милиони денари за набавка на инвертерите.

30/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на општина Тетово на денешната 28-мата седница усвои Предлог програма за активности од областа на заштитата на животната средина, со што локалната самоуправа ќе може да ја спроведе владината мерка за субвенционирање на граѓаните со цел да набават клима инвертери. Согласно тоа беше изгласана и измена во буџетот со оглед дека од државната каса Тетово ќе добие 93 милиони денари за набавка на инвертерите.

-Во програмата покрај субвенции за клима инвертерите, предвидено е да се изработи катастар на загадувачи, да се поведе кампања за подигање на јавната свест, набавка на механизација и средства за аеросолно прскање и заштита од ПМ10. Целта на програмата е намалување на загаденоста во воздухот, истакна Јулијана Пенева, претставничка на Секторот за комунални дејности.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ и Беса реагираа на како што рекоа популистичката мерка за набавка на инвертерите.

-Ги поддржуваме сите мерки за подобра животна средина. Сепак имаме забелешка дека спроведувањето на мерката за субвенции има популистички карактер со оглед дека сега се избори, а зимата веќе изминува. Истите нема да се користат сега веќе за греење, туку можееби на лето за ладење, истакна Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

Советот на општина Тетово усвои одлука за утврдвање на вредност на бодот на платите поради измени во висината на исплаќање на придонесите.  Беа прифатени и годишните финансиски планови на основните општински училишта.

А.С

 

 

 

Тагови: меркиСоветсубвенции

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Прв форум во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.