ТВ Алфа во денешните вести според нивни извори во Клиниката за инфективни болести инфомирашеа дека починало 16 годишно девојче од тетовско Сиричино поради Ковид-19.
-За случајот со девојчето пред три дена информираше и директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ која рече дека таа била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика и нејзината состојба била критична. Неофицијално, починатата немала претходни хронични заболувања. Потврда за смртта на тинејџерката Алфа побара и во Министерството за здравство. Оттаму само кусо ни одговорија дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден, се вели во информацијата на ТВ Алфа.