• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетово без третман на бездомните кучиња

Завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. За сите три тендери се третирани околу 300 кучиња.

08/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Веќе неколку недели во Тетово нема третирање на бездомни кучиња, што резултираше со нови вакви животни кои ги напаѓаат жителите на градот. Во СВР Тетово токму изминативе три недели се бележат чести пријави од граѓаните за вакви напади. Причина за состојбата е завршувањето на последниот трет тендер согласно кој ветеринарна ординација од Тетово вршеше соодветен третман на бездомните кучиња. Тие добија два пати по 600 илјади денари и третиот пат 1 милион денари.

-Завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. За сите три тендери се третирани околу 300 кучиња. Постапката за едно куче е околу 9000 денари, зависи од примерот.  Предвидува анализа на крвта, утврдување лишманија и во таков случај еутанизија, како и вакцина за беснило, стерилизација и поставување на чип, објаснува ветеринарот Рами Селмани, чија ординација работеше на третирање на кучињата во рамки на трите тендери.

Според Селмани општините немаат доволно средства за посеопфатен третман на животните. Тој смета дека на национално ниво треба да се решава ова прашање.

-Средствата се на годишно ниво, но се додека има пари. Сметам дека тоа треба да биде неограничено и да плаќа државата, да нема паузи и да има за сите општини, да не биде само една општина. Пример тука се само Тетово и Теарце, но само со тендери кои се ограничени поради средствата, смета тетовскиот ветеринар.

Уште во јули оваа година градоначалничката Теута Арифи изјави дека Општина Тетово нема повеќе пари за зголемување на можноста околу справувањето со бездомните кучиња.

Таа за посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција рече дека е возможно само во склоп на полошкиот плански регион.

А.С

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Во Вратница поставен споменик како обележје на борбата да не се дозволи градење на хидроцентрали

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.