Кандидатот за градоначалник Вулнет Мурсели заедно со носителот на листата за општинскиот совет Музафер Етеми и други кандидати од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на отворањето на штабови во тетовското градско подрачје. Штабови се отвораат во центарот на градот и во населбата Теќе.
Кандидатот за градоначалник Вулнет Мурсели настапува со слоганот „Тетово има волја за победа“. Тој е роден на 08.05.1975 година во Тетово, татко на два сина. Дипломирал на Правниот факултет, а магистерски студии на Медицинскиот факултет, насока: Магистер на науки по јавно здравје. Има положено правосуден испит.
Има над 25 работни искуство во приватниот и јавниот сектор. Бил директор на секторот за имплементација на меѓународни договори од социјален аспект – во Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија. Сопственик е на дијагностичките лаборатории ЛАОР – Тетово.