Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, се наведува во анализата изработена од „Порталб.мк“. а пренесена од Мета.мк. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500.000 евра. Милионски долгови пријавило и Јавното комунално претпријатие ЈКП Тетово во износ од цели четири милиони евра.
Тетово се наоѓа на високото шесто место на листата од 1.061 субјекти под државна капа што пријавил доспеани, а неплатени обврски, се вели во анализата.
На второ место со доспеани а неплатени обврски во износ од 6,9 милиони евра е Општина Охрид, додека трети се Карпош. На должничката листа, според изворите на авторите во Министерството за финансии, се наоѓаат Општина Струга со долг 3,2 милиони евра, Делчево со скоро 3 милиони евра потоа Гостивар со доспеани обврски во износ од 2,8 милиони евра, Кичево со 1,9 милиони евра, Сарај со 1,6 милиони евра, Брвеница со 1,4 милиони евра, општина Гевгелија со 1,3 милиони евра, Ресен има доспеани обврски во износ од 1,1 милион евра, Струмица 1,1 милион евра, општините Студеничани, Демир Капија и Дебар пријавиле доспеан долг од по еден милион евра. Останатите општини имаа долг помал од еден милион евра.
Целиот текст тука.