• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетово повторно најзагаден град, eкстремен број штетни ПМ честички во воздухот

Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен од отровните ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“.

11/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен од отровните ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“. Концентрацијата на штетни материи во воздухот е за 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Исто така ноќеска двојно зголемени беа концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен изнесуваа 123. Податоците на среднодневни концентрации на ПМ 10 од државните мерни станици путринава покажуваат 138 микрометар на метар кубен ПМ 10 за Тетово со што е и најазагаден град во државата.

Иако светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички,  досега во 75 денови во Тетово се бележат високи концентрации штетните материи во воздухот.  Бројката на денови кога е зголемена концетрацијата на штетните честички не е целосна со оглед дека од 26 април до 23 септември немаше мерења.

-Од 26.04.2019 година инструментот за РМ10/2.5 е испратен во акредитирана лабораторија за калибрација во Виена, Австрија. По неговото враќање истиот е инсталиран на 23.09.2019 година и од тогаш има податоци за РМ10/2.5 од мерното место во Тетово, гласи одговорот од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Жителите на Тетово најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година кога од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци.

Сезоната на алармантно загаден воздух најчесто се поклопува со почетокот на грејната сезона, односно последниве години концентрацијата на пием 10 честичките започнува да расте во есенските денови, го достигнува максимумот во зимските денови, почнува да опаѓа во пролетните, но речиси никогаш не се симнува под безбедните 50 микрограми на метар кубен воздух. Единствено во текот на летото според податоците кои Министерството за животна средина ретки беа деновите на надминување на безбедната граница за среднодневната концентрација.

Мониторинг станицата во Тетово е инсталирана во текот на месец април 2004 година и од самиот почеток врши мерења на суспендирани честички со големина до 10 микрометри- ПМ 10.

 

 

Тагови: загаден воздухконцентрациипм10Тетово

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Физибилити студија за развој на Попова Шапка со прва презентација пред владините тела

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.