• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

„Тетово сака парк“ : За предложената парковска површина да се утврди урбанистичка намена „Д“ во Генералниот урбанистички план, сопственоста е доминантно државна

23/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од иницијативата „Тетово сака парк“ порачуваат дека општината и државата со утврдување на урбанистичка намена „Д“ (парковско зеленило, спорт, рекреација) ќе може да придонесат за реализација на идејата за формирање на нов парк без разлика на сопственоста на имотите. Овој став следи по информациите дека дел од предложното подрачје има нов сопственик, како и мислењето на градоначалникот Билал Касами дека поради финансиските состојби на Тетово тешко може да се реализира оваа иницијатива.

-Не менува за целата идеја дали сопственик на приватните делови бил еден или друг. Акцентиравме дека постојат и делови во приватна сопственост – за повеќето и државата се јавува како сосопственик, без физичка делба – но за целата идеја не е важно чии се таквите делови. Сите тие прават само мал дел од целото, а со утврдување на урбанистичка намена „Д“ (парковско зеленило, спорт, рекреација) нема да може да се градат згради ниту на тие одвоени минорни делови од вкупната површина. Државата има најголем удел од неа. Замислете приватната сопственост да беше пречка за јавниот интерес, Македонија ќе немаше ниту еден автопат, булевар, плоштад, факултет, болница, парк, кои секогаш урбанистички се предвидувале на потег каде покрај државата, често има и приватни сопственици, информираат од иницијативата „Тетово сака парк“.

Дел од медиумите објавија дека урбаниот блок 57 или поранешната фабрика ШИК Јелак е продадена на нов сопственик.  За утре иницијативата најави јавна трибина на која детално ќе се објасни предлогот поднесен до општината.

-На дебатата ќе се разработаат и сите дилеми и прашања кои се отвораат во јавноста. На онлајн петицијата, за само 24 часа собрани се над 1.500 потписи.  Поддршка кон предлогот дадоа голем број на јавни личности, меѓу кои и реномираниот режисер Милчо Манчевски, актерките Ирена Ристиќ и Сара Климоска, снимателот од „Медена земја“ Самир Љума и други, велат од иницијативата „Тетово сака парк“.  

Оваа граѓанска иницијатива предлага да се формира градски парк во источниот дел од градот на излез кон Скопје, место што според нив е единствениот простор која може да биде парковска површина. Предлагаат површина од 16 хектари, со опфат на четири урбани блокови.

ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

СВР Тетово со апел да не се палат стрништата на нивите за да нема пожари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.