• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетово сака парк“ поднесе барање за вонреден инспекциски надзор за Општина Тетово поради градење во спорниот урбан блок 57А

15/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ информира дека е поднесено барање за вонреден инспекциски надзор за Општина Тетово поради изведување на градежни работи на спорниот урбна блок 57А.  Барањето за вонреден инспекциски надзор е пратено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и до Државниот управен инспекторат.

-Имено, Општина Тетово соопшти дека го суспендирала штетниот деталниот урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57а, кој се однесува на просторот на поранешниот ШИК „Јелак“, а од друга страна на истата локација издала одобрение за градба на висококатница, нешто што директно негативно се одразува на последниот потенцијален простор за зелена зона во градот.Нам, жителите на Тетово, ова ни е нејасно. На докажано штетен ДУП, а јасно изразена волја и потреба за нови, зелени концепти од страна на луѓето и на соопштена суспензија на планот од Општината, како се дозволува да се шири смртоносниот вирус наречен ,,висококатници” и на тој простор? Бараме државните инспекторати да спроведат вонреден инспекциски надзор, се вели во сооопштението на „Тетово сака парк“ до медиумите.

Од иницијативата воедно порачаа дека и понатаму Општина Тетово ја игнорира иницијативата за прв вистински парк во Тетово, а според нив со тоа ја демонстрира и незаинтересираноста за потребите на граѓаните и работи на недоволно транспарентен начин.

ас

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

При приведување во Шипковица нападнати полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.