Со празничната манифестација насловена „77 години Слободно Тетово“ која вчера се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ се одбележа 19 Ноември Денот на ослободувањето. Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово порачаа дека на овој начин се прави бесмртен идеалот на претците, кои пред 77 години ја избраа слободата на Македонија за сметка на своите млади животи.
-Се покажува дека народот не треба да чека некој да се сети дека треба да организира за него, туку дека може спонатно сам да организира и да прослави празник достоинствено така како што личи за големината на празникот и така како што може да се спои народот да биде заедно да празнува и ја јакне солидарноста, соработката, лојалноста кон националната кауза. Сметам дека оваа иницијатива станува традиционална согласно поддршката која е очигледна. Сметам дека сме на добар пат да прерасне во вистина традиција. Тетово беше денес во оваа сала, се почитуваа сите здравствени протоколи и покрај тоа имавме атмосфера на високо ниво. Тетово се радува на својот на ден ослободување и испративме порака дека слободата нема цена и дека ние ќе ја славиме секоја година од сега натака како и до сега. Се надевам дека наредната година ќе имаме прослава без рестрикции, а зошто да не се ближат 80 години од ослободувањето и не чека многу масовен настан, изјави Даријан Сотировски, претставник на организаторите Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи од Тетово.
Настанот беше од културен карактер со музичко-сценска, забавна и меморијална нота.
-Сите културни дејци се расположени за соработка, а Тетово може да се гордее со многу вакви луѓе. Сигурно дека не може сите да ги вклучиме во една програма, затоа имаме и следната година програма и годината после тоа. Мислам дека ќе продефилираат во оваа обновена манифестација за прославувањето сите кои потекнуват од тука но и сите кои се со слободарски дух, имаат почит кон напата иницијатива и нашиот град. Годинава го имавме КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од соседно Теарце, ја имавме Верица Пандиловска, нашата тетовска дива која е позната во национални рамки, го имавме Трио Шербет, хорот Менада, Летечка Театарска Трупа, имавме самостојни уметници кои се вклучија со инстументални изведби, имавме прексрасен тенор. Се на се имавме богата програма,изјави Сотировски.
На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот Биљал Касами, како и претседателот на Советот Бесар Дурмиши, митрополитот г. Јосиф, началникот на генералштабот на Армијата, Васко Ѓурчиновски и други гости.
ас