• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската пожарна доби нова хидраулична опрема

Територијалната противпожарна единица Тетово од денес на располагање има нова хидраулична опрема за интервенции при сообраќајки или други настани.

08/07/2019
во Актуелно
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Територијалната противпожарна единица Тетово од денес на располагање има нова хидраулична опрема за интервенции при сообраќајки или други настани.  Станува збор за хидраулични клешти за сечење, хидраулични клешти за подигање возила и товар како и хидрауличен растегнувач за одвојување на смачани материјали.

Станува збор за најмодерна опрема која ретко кој ја има на Балканот, од производител Холмарто. До опремување на пожарната доаѓа по тешката сообраќајна на автобусот во Ласкарци кога се увиде потребата за ваква квалитетна опрема за поефикасно справување и извлекување на повредени.  Опремата е набавена од Дирекцијата за заштита и спасување кои ни ја предаваат за стална употреба, изјави Ука Алити, командир на тетовската пожарна.

Вкупната вредноста на трите апарати и останата придружна опрема и алати е 25 илјади евра.

Многу вредна опрема која ќе биде во корист на граѓаните на нашата општина и околината.  Бидејќи ние покриваме поширок терен на пример за сообраќајки реонот ни е од Ласкарци до граница на општина Гостивар. Сепак се надевам дека Бог нема да дозволи никогаш нема да се користи во несреќи, туку само за наш тренинг. Ние сме обучени во рамки на операцијата Флоријан за работа со вакви апарати и затоа ги добивме меѓу првите во државата, рече Алити.

Тагови: добиноваопремапожарнаТетовскатахидраулична

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Петтоодделенци од ОУ „Лирија“ освоија две први награди на фестивалот „Стари игри”

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Сите кои навивате за ФК Тетекс утре во Маџари за поддршка на фудбалерите во бараж-натпреварот за опстанок во Втора лига

27/05/2023
Следна објава

Дванаесет возачи во полошкиот регион ноќеска фатени како возат под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!