Тетовската протипожарна единица испрати апел до жителите на Тетовско превентивно да проверат во каква состојба се оџаци и уредите за затоплување во насока да се спречат пожари. Командантот Ука Алити, истакна дека чистите оџаци значат заштита од појава на пожар.
-Најзагрижувачки од досегашното искуството се повеќекатните згради.Во овие случаи наидуваме на многу проблеми бидејќи повеќето граѓани користат дрва за греење. Чистењето на оџаците ќе ги заштити зградите и семејствата од појава на пожар. Исто така апелираме да се изврши увид во уредите за греење за поголема безбедност од појава на пожари што можат да бидат фатални. Сакаме да ја поминеме оваа зима без какво било појавување пожари, бидејќи пожарите оставаат најтешки последици по здравјето и имото на граѓаните, вели Алити.
Воедно во пресрет на новогодишните празници тој апелираше за воздржаност од употреба на пиротехника кои исто така може да бидат причини за пожар.
-Апелираме до граѓаните да не користат пиротехника, затоа што една искра може да биде причина за појава на оган. Исто и тука има последици по здравјето, посебно кај децата, кои можат да се повредат, рече Алити.
Избувнувањето пожари, може да резултира и од човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки, потенцираат пожарникарите.
Од друга страна,намерното предизвикување општа опасност или небрежност, со активности кои значат палење оган претставува и кривично дело, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
А.С