• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската полиција привела 32 годишник кај кого нашла 1000 петарди и пиротехника

Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

20/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција информира дека попладнево е приведен  32 годишник кај кого е најдено поголема количина на петарди и друг вид пиротехнички материјали. Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

-Околу 14 часот и 30 минути на улица „120“, во близина на Зелен пазар во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот А.А. од тетовското село Ларце, кај кого биле пронајдени и одземени околу 1000 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку на почетокот на месецот Секторот за внатрешни работи Тетово до јавноста и населението испрати апел да се воздржи од  активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се казнуваат со глоби  додека продажбата претставува спротивност на Кривичниот законик. Паричните казни се движат од 200 до 500 евра.

Во апелот се потенцираше и опасност по здравјето на луѓето од употреба на пиротхеничките предмети, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

А. С

Тагови: петардипиротехника

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Стипендии за17 студенти од втор циклус на Универзитетот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.