• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската полиција со речиси 700 контроли за 24 часа   

13/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 За едно деноноќие од 7 часот во петокот до 7 часот утринава тетовските полициски службеници извршиле контроли кај дури 519 лица да се утврди дали се дома поради добиените решенијата задолжителна изолација од Државен здравствен и санитарен инспекторат како мерка во спречување на ширење на коронавирусот.  Освен тие полицајците контролирале и 139 лица кои имаат потпишано изјави дека ќе с е самоизолираат дома.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, вели дека големиот број контроли значително го оптоваруваат работењето на полициските службеници на СВР Тетово  со оглед на огромното подрачје кое го покриваат во вкупно шест тетовски општини.

-За секојдневните контроли се потребни многу време и ресурси и навистина полицајците се многу ангажирани. Дополнителен товар за полициските службеници претставуваат непочитувањата со оглед дека треба да се поведе постапка доколку се утврди дека не ги почитуваат решенијата, вели портпаролот Јосифоски.

Во рамки на секојдневните контроли за тоа дали се носат заштитни маски, во тетовско се изречени 85 прекршочни платни налози.

Во координација со Државен пазарен инспекторат ноќеска е затворен угостителски објект на улицата Илинденска во Тетово.

-Сопственикот Р.Б (41)  од Мала Речица ќе се соочи со пријава според член 206 од Кривичниот законик поради не придржување до прописите за работа во време на епидемија, истакна Јосифоски.

Контролирани биле вкупно 22 угостителските објекти во три тетовски општини.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Два смртни случаи, 32 нови и еден излечен од Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!