• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовската полиција со 1607 казни за сообраќајни неисправности во јануари 2022

03/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на јануари 2022 полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во тетовскиот регион  во редовни и над дваесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале  1607 различни видови неисправности.

Ова значи намалување ако се споредуваат податоците со јануари 2021 кога имало 74 помалку сообраќајни прекршоци.

-Во контролните активности, спроведени минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 89 возила, од кои 63 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 26 поради утврдена техничка неисправност. Во јануари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 359 возачи или 155 повеќе од лани, од кои 198 управувале без возачка дозвола, 77 под дејство на алкохол, 73 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 2 со несоодветна категорија и 9 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 16 возила, 149 возачки и 60 сообраќајни дозволи. Тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 199 непрописно паркирани возила, најмногу на тетовските улици „Илинденска“ „Маршал Тито“, „Борис Кидрич“ и неколку други улици претежно во централното градско подрачје.

ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Почина 67 годишен пациент во Ковид центарот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.