• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската полиција ќе едуцира ученици за правилно возење на мотоцикл 

04/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово од вчера започна со практична реализација на нов превентивно-едукативен проект „Не седнувај зад волан без положен возачки испит и безбедно управувај со мотоцикл“, чие мото е „Заштити се себе си и другите“. Со проектот, чиј иницијатор и носител е Отсекот за превенција, ќе бидат опфатени околу 2500 ученици од втора година од тетовските и гостиварските средни училишта.


-Стручно обучени полициски службеници на учениците ќе им ја образложат потребата од задолжително посетување обука за возачи и полагање на предвидениот испит за стекнување со возачка дозвола. Покрај ова, исто така, учениците ќе ги запознаат и со законските импликации доколку управуваат возила без положен испит и валидна дозвола. И тоа не само тие, туку и оние кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
 
 
На предавањата учениците ќе бидат информирани и за тоа како најбезбедно да управуваат мотоцикл и што се треба да поседуваат и носат од заштитна опрема. Целта на проектот е да се подигне соообраќајната свест и култура на оваа категорија средношколци кои деновиве се во значителен број присутни на патиштата и улиците во Полошкиот регион.
 
ас
 
 
 

Поврзани објави

Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Следна објава

Тетовската пожарна доби опрема за спасување во случај на поплави

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.