Дефектот на новиот водоснабдителен систем за Тетово е надминат и во градот ќе има нормално водоснабдување, објави градоначалникот на Тетово Биљал Касами кој беше лично да се увери како се одвива санацијата во планинската месност Лешница. Дефектот беше откриен во петокот, а беа воведени и рестрикции во водоснабдувањето.
-Како резултат на овие наследни дефекти од минатото, многу граѓани ја изразија својата загриженост за недостигот на вода, па како нивен претставник денеска отидов да видам како одат работите за санирање на дефектот во водоснабдувањето, кој за среќа е поправен и градот Тетово од денеска ќе има вода за пиење. Сакам да им се заблагодарам на вработените во Јавно комунално претпријатие, кои и на овие ниски температури воопшто не застанаа, туку работеа на решавање на проблемот. Исто таки им посакувам брзо оздравување и на вработениот Рахим Хасани кој беше повреден при работа, порача Касами.
Со надминување на дефектот треба да се укинат рестрикциите кои траеја шест часа од 01 до 04 и од 13 до 16 часот.