• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовскиот комитет на ВМРО бил задолжен за производството на пушките мартинки за комитите

23/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Откако во 1893 во Солун е формирана Македонската Револуционерна Организација (МРО), во Тетово до основање на комитет дошло во 1895 година, бележи во книгата „Македонската Револуционерна Организација во Тетово и Тетовско“ авторот Бранислав Светозаревиќ доктор по историски науки. До основање на тетовскиот комитет доаѓа по Ресенското советување во 1894 каде одлуката била Тетово да се најде во рамките на Скопскиот револуционер округ.

-Главна улога во формирање на тетовскиот комитет даде учителите во тетовски училишта кои биле од другите краишта во Македонија. Главен збор имал учителот Христо Червенелеков кој бил од Штип и бил прв претседател на тетовскиот комитет. Тој бил близок соработник со Гоце Делчев и Даме Груев. Меѓу другите основачи се Владимир Трајчев од Ресен, Никола Панчев од Штип, Драган Ничов од Велес, а од Тетово биле учителот Симеон Мисов, чевларот Глигор Михајлов и занаетчијата Илија Кензов, пишува во книгата на Светозаревиќ.

Во подоцнежните години МРО создава мрежа во Тетовско, а една од најважните задачи на организација била производство на пушките мартинки кои биле најзастапени во четите.

-На тетовската река Пена се наоѓале мали фабрики за бушење на цевки ткн. чаргови. Имало единствена гајтнара на воден погон, а се лееле бомби и куршуми. Тетовци биле задолжени и за дистрибуција на пушките, стои во книгата.

-Бидејќи организацијата за скопскиот ревлуционерен округ не предвидела да има востание, во Тетовско биле регрутирани комити доброволци за борбите во другите краишта. Војводи од тетвскиот крај се бележат Софре Ѓорѓески од Радиовце, Крсто Михајловски од Брезно, Ѓорѓи Тодоров и Младен Мишески од Тетово. По Илинденското востание тетовци се до 1905 година учествуваат во борби низ Македонија за кои постојат и пишани документи, пишува авторот Светозаревиќ.

Книгата содржи и биографски именик на членови на комити и војводи од Тетовско. 

ас

 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово го одбележа Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.