Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.
Со тоа Тетовскиот регион бележи 76 заболени.
Вкупната бројка на луѓе дијагностицирани со Ковид-19 во Македонија изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат вкупно 42 позитивни и суспектни на Ковид-19.