Со најновите 50 заболени со позитивни тестови на Ковид-19, тетовскиот регион бележи 821 активни случаи. Има 29 оздравени или вкупно 1663. Починати се 113 луѓе.
Според статистиката на СВР Тетово во изолација се вкупно 1308 лица од кои 108 се само во изминатото деноноќие.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти.
Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.