• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовскиот уметник Зоран Бошковски со изложба на графики  „Надворешниот свет како симболика на внатрешниот“ ќе се претстави во Скопје

29/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Академскиот ликовен уметник-графичар Зоран Бошковски од Тетово утре вечер вторник 30 ноември преку изложба ќе ја претстави својата работа на 21 графика во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје со почеток во 19 часот. Графиките изработени во линорез, колографија и монотипија ќе бидат изложени до 7 декември.

-Тоа е еден циклус во кој доаѓа до одраз православниот мистицизам. Изложбата е наречена „Надворешниот свет како симболика на внатрешниот“ од причина што внатрешниот свет го сметам за вистински свет додека надворешениот свет е минлив и  менлив додека внатрешниот е безвременски и постојан. Од таа причина за сите овие графики мотивот е земен од духовноста на православието каде што се истражува безпредметниот простор кој што го носиме во нас. Според Евангелието тоа значи големот да биде сместливо во малото. Универзумот што го гледаме пред нас ние всушност го носиме внатре во нас, изјави тетовскиот уметник Зоран Бошковски.

Графиките се создадени во периодот 2018-2021 година. Авторот е роден 1970 година во Тетово, а академија за ликовни уметности завршил во Скопје во 1994 година. Во 2019 година магистрирал графика во класат на Зоран Јакимовски. Досега има десет самостојни изложби и учесник на поголем број групни претставувања и светски биеналиња за графика.

Изложените графиките бидат изложени во галеријата КО-РА во сутерен при домот на кутурата „Кочо Рацин“ во Скопје.

 ас

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Билал Касами : Долгот на општина Тетово ќе биде видлив преку монитор на плоштадот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!