• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските пензионери со 4 први места на републичките спортски натпревари

На 24-тите Републички спортски натпревари во Радовиш тетовските пензионери станаа севкупен победници.

25/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Трчање до 60 години во женска и машка конкуренција, кошарка и влечење јаже за мажи се четирите спортски дисциплини во кои прво место на републичките спортски натпревари освоија членовите на Здружението на пензионери од Тетово. Со овие како и со останатите резултати тетовските пензионери станаа севкупен победник на 24-тите Републички спортски натпревари.

-Габриела Ѓороска и Нејази Таири се победници трчање до 60 години, додека екипно во јаже и во кошарка нашите екипи исто така беа најдобри, соопштија од Здружението на пензионери.

Две втори места се освоени во дисциплиниа скок од место и шах за мажи. Три трети места во табла за жени, кошарка за жени и домино за мажи. Здружението учествуваше со 32 натпреварувачи, 4 судии, 3 тренер и 4 членови на раководството во 12 поединични и екипни спортски дисциплини во машка и женска конкуренција.

– Сериозниот пристап во припремниот период и максимално залагање овожможија и годинава да освоиме прво место и преодниот пехар. Наредната година доколку по трет пат освоиме прво место го добиваме во трајна сопственост републичкиот пехар. За да се подготвовуваме за кошарка во дворот на нашето здружение беше монтиран кош, соопштија од Здружението на пензионери.

24-тите Републички спортски напревари за пензионери се одржаа во неделата во Радовиш каде учествуваа 504 натпреварувачи во 12 дисциплини од 46 здруженија на пензионерски членови на Сојузот на пензионери на Македонија.

 

Тагови: пензионериспортски резултатиТетово

Поврзани објави

Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Следна објава

Казни за 28 пешаци во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!