• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските планинарски клубови со поддршка за иницијативата „Тетово сака парк“

17/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Тетово сака парк“ која предложи и побара формирање на прв градски парк, денеска доби едногласна поддршка од сите тетовски планинарски клубови, кои преку заедничко отворено писмо го поздравија и поддржаа предлогот за формирање на вистински парк во градот.  Поддршката е од клубовите „Аргентус Моунт“, „Љуботен“, „Игл“, „Тетекс“, „Јелак“ и „Пиктрип адвенчрс“.

-Како спортски здруженија чие примарно поле на интерес и делување е планинарството, будни сме околу најразлични теми кои нè тангираат. Во прв план тоа се екологијата, заштитата на животната средина и промовирањето на здрави животни навики. Во таква насока е и унапредувањето на животната средина во нашата непосредна околина, односно градовите во кои живееме.  Со ова заедничко писмо јавно го поддржуваме предлогот бидејќи освен што сметаме дека е рационален и изводлив, се бори за јавниот интерес на начин на кој во Тетово одамна не е направено. Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа градот, формирање на ваков зелен појас станува нужна потреба за сите нас – неговите жители. Постоење на вистински градски парк го унапредува урбаното живеење преку давање можност за квалитетно поминато време на отворено, во зелен простор, се вели во писмото,

Иницијативата „Тетово сака парк“ беше покрената на 21 февруари од страна на 60-тина подносители.

Преку предлогот до општината, согласно Законот за локална самоуправа, беше побарано формирање на првиот градски парк на површина која е 87% во државна сопствена и претставува последна површина од таков тип на кој може да се формира парк. Зад предлогот за парк до сега застанаа и близу 3.000 граѓани преку потпишување на онлајн петиција.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Граѓаните се жалат на преполни контејнери и смет околу нив-Општина Тетово најави голема еко акција во понеделник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.