• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Обуката за справување со пожари на отворен простор за просторните сили на Шар Планина вчера и денес се реализира во организација на Јавната установа Национален парк (ЈУНП) Шар Планина со поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната единица од Тетово.

Со обуката се опфатени повеќе од 30 волонтери од граѓанското здружение за унапредување мерки за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ Тетово, а присутни се учесници од сите седум општини на територија на новиот национален парк. Во иднина е планирано во континуитет да се организираат слични обуки и бројот на обучени лица да се зголемува со цел рано дејствување при појава на шумски пожари.

-Доброволците кои учествуваат на обуката се запознаа со повеќе области од системот за заштита и спасување од пожари како што се права и обврски на институциите во системот за заштита и спасување од пожари со практична употреба на ПП апарати и хидрантската мрежа, прва медицинска помош, мерки за заштита и спасување, евакуација и згрижување на загрозеното население, лична и колективна заштитна опрема, тактика и техники на гаснење на шумски пожари на отворен простор, штети на шумите од пожар и заштита на шумите, како и практичен дел, употреба на гребли, ПП метли, напртњачи, воздушни дувалки и моторни грбни пумпи за вода, информираа од Министерството за животна средина.

-Локалните жители и љубители на природата да се однесуваат одговорно при посета на националниот парк со оглед на постоечкиот ризик од појава на пожари и фактот дека во моментот во  ЈУНП Шар Планина нема иницијатива за рестриктирање на движењето во шума, апелираше  директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути при посетата предаде десет пара заштитни комбинизони за интервенција на отворен простор од страна на ДЗС за потребите на националниот парк.

ас

Поврзани објави

Актуелно

Во четврток ЖФК Љуботен ќе игра Лига на Шампиони

15/08/2022
Вести

СДСМ : Се залагаме за европско Тетово, затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден

15/08/2022
Вести

За шест часа 149 мерки за брзо возење-од нив 13 биле со 70 км на час над дозволеното

15/08/2022
Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Следна објава

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.