• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Тетовските пожарникари одржаа протест, се бараат додатоците на плата ветени од општината

18/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари членови на независниот синдикат на државната админстрација денес одржаа протест во кругот на пожарникарската единица. Тие повторно бараат од општината како основач да ги исплати ветените додатоци на плата кои беа предмет на договор во јуни 2019 година.

-Пробиени се разумните рокови за нашите законски проблеми. Беше договорено да се надминат проблемите меѓутоа, од нивна страна не е одговорено, само одолговлекуваат временски и до денес нема ни одговор. Тражиме по закон што ни следува, изјави Сашо Мишевски, претседател на синдикалната подружница во Тетово.

Тетовските пожарникари имаат четири барања.

-Бараме да имаме колективно службено осигурување  од работодавецот, тоа е повеќедецениски спор, во цела држава само овде нема колективно осигурвање. Како второ, секаде е направена корекција на додатоци на плата при работа ноќе, празник, викенд, редовна работа и дополнителна работа и дополнителни часови само овде не се корегирани и останале на исто. Ова ни го овозможува законото за пожарникарство, актот за преземање и законот што е потпишан на ниво на држава од 2017 година. Трето,  како колегите што добија во Скопје и ние бараме корекција на платата на дополнителни 20 отсто за ризик. Тоа не е вметнато во плата. Тука сме поддржани од законот за исплата на плати на пожарникари од октомври 2017. Четврто, со судска спогодба за претходните години договорено е да се исплатат 60 илјади денари по тужба, до сега целосно не се исплатени, а има исплатено по 20 илјади денари, истакна Сашо Мишевски.

На протестот пожарникарите истакнаа дека даваат краток рок да одговори општината на нивните барања, по што ќе продолжат со протести.

На 27 јуни 2019 претставници на синдикатот на пожарникарите во Тетово и градоначалничката Теута Арифи одржаа состанок при што се договорија да се надминат разликите околу платите и условите за работа поради што јавно протестираа вработените во тетовската противпожарна единица неколку недели претходно. Двете страни формираа работна група која имаше задача да го реализира договоро преку вонсудски договори да се исплаќаат разликите околу исплата на платите.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вршат јавен превоз на патници без потребни документи – казни за пет возила

07/12/2023
Вести

Две жени пријавиле физички напади од своите сопрузи- четири вакви пријави за два дена

07/12/2023
Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Следна објава

Тешко повредена 33 годишна жена пешак

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
95%
2.77mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!