Тетовските средни училишта во Тетово имаат 3,7 средна оцена од државната матура, а по математика во економското училиште успеале да имаат максимална 5,00 средна оценка информирааат од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово. За разлика од 2020 има зголемување за 0,3 во средната оценка.
-Ги анализиравме сите резултати од државната матура од училиштата, средната оценка како ученици е над државен просек и изнесува 3,7. Оваа година учениците покажаа солидни резултати на државна матура кои се повисоки од претходните години и кое што е над просек на држава. Подобро од лани за 0,3 промили што значи највисока средна оценка во споредба со претходни години. И кај посебни предмети задоволителен е успехот на тетовските ученици. Така во предметот албански јазик и литература има 3,52; кај македонски јазик и литература 3, 99; англиски јазик 3,21; германски јазик 3,5; математика 4, 32, информира Ахмед Ќазими, раководител на Секторот.
Тој го потенцираше успехот на учениците од средното економско училиште од македонски наставен јазик каде по предметот математика сите имале петка на испитот за државна матура.
-Се истакнува одличниот резултат учениците од македонска настава од економското училиште „8-ми Септември“ каде има 4,59 средна оцена, а математика 5,0 како и англиски јазик 4,25. Во гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во македонска настава имаме 4,62 за предметот македонски јазик, англиски јазик 4,31 и математика и 4,60 средна оцена. Средна оценка е 4,5 за македонска настава што значи одличен успех, изјави Ќазими.
Што се однесува на средните оценки во целина највисока средна оценка има гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ 4,25 на двата наставни јазици. Државен просек е оценка 3, 61.
А.С