• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовски новинари со награда за истражувачко новинарство

Новинарите на „360 степени“ Зоран Јовановски од Тетово и Славица Филиповска од Скопје која потекнува од Тетовско, се добитници на наградата „Јашар Еребара за истражувачко новинарство која им ја додели Здружението на новинарите на Македонија за 2019 година.

19/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новинарите на „360 степени“ Зоран Јовановски од Тетово и Славица Филиповска од Скопје која потекнува од Тетовско, се добитници на наградата „Јашар Еребара за истражувачко новинарство која им ја додели Здружението на новинарите на Македонија за 2019 година.

Награден е нивниот прилог со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“.

„Сториите на новинарите Зоран Јовановски и Славица Филиповска и дадоа на јавноста редок увид во работењето на инспекторите на УЈП со сите грди страни и разобличија обид за влијание што произведе повеќе ефекти во институциите. Ваквите стории ја сензибилизираат и едуцираат јавноста за корупцијата, но и влијаат на промена на однесувањето и менталитетот во однос на корупцијата“ соопштија од ЗНМ.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2019 година за новинари од внатрешноста на Македонија му е доделена на новинарот Ване Трајков од Струмица за неговите прилози за проблематичниот тендер на ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Поради ситуацијата со коронавирусот во државата и препораките на институциите за избегнување на групни собири, ЗНМ не организира настан за свечено доделување на наградите.

А.С

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

МВР: Обврската за регистрација на возилата останува во сила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!