• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово успешно се претстави на деветиот Меѓународен фолклорен фестивал „Вечери покрај Требишница“ во Требиње, Република Српска во Босна и Херцеговина изминатиов викенд. Организатор на фестивалот е Ансамблот за национални игри „Јован Дучиќ“ од истоимениот град. На него учествуваат ветерани на фолклорот, изведувачки ансамбли, пеачки групи и солисти.

-На импровизираната сцена во центарот на градот, под старите јавори, на трите фелстивалски вечери, според зборовите на организаторот, настапија над 1.000 учесници од Србија, Република Српска, Црна Гора, а како единствени претставници од Република Северна Македонија настапија членовите на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово. Фестивалот има ревијален и натпреварувачки карактер. Играорките, оркестарот и вокалниот солист Јована Богдановска пред многубројната публика настапи во ревијалниот дел и се претстави со кореорафија на познатата македонска песна „Билјана платно белеше“, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово

Трите вечери започнувале со дефиле на фолклорните групи низ улиците на Требиње.

-Беа топло поздравувани од случајните минувачи. Дефилето завршуваше до местото на одржување на фестивалот со заедничко оро на сите изведувачи. Ова заеднчко оро претствува убаво доживување како за учесниците така и за гледачите бидејќи тоа оро го сочинуваат играорци во носии од различни краеви сплотени во едно срце кое поседува  голема љубов кон играта и песната.  За време на одржувањето на фестивалот претставниците на друштвата имаа прием кај градоначалникот на општината Требиње кој поздравувајќи ги присутните истакна дека културата треба да биде на прво место и дека Требиње е град со отворено срце и сите добронамерни луѓе се добродојдени во градот, информираше Андонов.

Учеството на фестивалот претставува проект од национален интерес во културата за 2022 година поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.