• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовското архиерејско намесништво препорача семејните слави да се одбележуваат во кругот на најблиските

Свештениците во одреденото време ќе дојдат до домовите на верниците и ќе ги благословат славските лебови, пченица и вино.

26/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовското архиерејско намесништво упати препорака до верниците за семејните слави благословувањето на лебот, виното и пченицата наместо во црква да го прават дома. Воедно препорачаа празнувањето на семејниот заштитник да се одбележи само во најтесниот круг на блиските роднини како начин на заштита од ширење на коронавирусот.

-Скоро семејство си има свој заштитник, патрон кој го слави, на кој му се моли и кој го прославува во овој период. Согласно со кризата со короната, често се прашуваат, како во оваа година, како да ги празнуваат славите. Ние како свештенство од тетовското архиерејско намесништво одлучивме славските лебови да ги кршиме по домови пазејќи ги препораки на Министерството за заштита од корнавирус. Луѓето треба да имаат подготвено леб, пченица, вино и свеќа. Свештениците во одреденото време ќе дојдат до домовите на верниците и ќе ги благословат славските лебови, пченица и вино, истакна отец Александар Стојановски.

Свештениците велат дека главното празнување на семејните слави се молитвите и благословувањето на лебот, пченицата и виното, додека славските трпези се додаток и дека поради ситуацијата не се препорачани.

-Следејќи ги препораките на Министерството за здравствп препорачуваме прославата со славски трпези да биде во потесното семејство и меѓу побслики роднини, да нема масовни собирања како што има. Има некои слави со по 100 луѓе но да нема толку собирање на луѓе дома. Само со најблиските луѓе да се организира славскитот ручек. На крајот од краиштата, доаѓање на Света литургија, кршењето на славскиот леб дома, молитвата кон светителот, читањето на житието на светителот се најважните обележја на празнувањето на славата. Прославата со ручек и слично е додаток, потенцира свештеникот.

Тетовското архиерејско намесништво поради состојбата одложи и осветување на новоизграден параклис во кругот на црквата Света Богородица во Тетово.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Три сообраќајки поради животни на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!