• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовското зонско паркирање од денес со летно работно време

03/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање започнува од денес во Тетово и ќе трае се до 30 септември информираат од општинското јавно претријатие за градски паркинг. Летното работно време во зоните А, Б и Ц е од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно

-Се замолуваат возачите да се придржуваат до работното време и уредно да плаќаат за паркинг услугите, за да се избегнуваат непријатни ситуации, односно блокирање на возила и нивно отстранување со пајак службата.Редот во сообраќајот и паркирањето ќе го подобриме само со взаемна соработка, информираат од ЈП „Градски паркинг“ Тетово.

Досега во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се наплаќаше од 7 до 21 часот, а во сабота исто до 14. Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 40 денари, додека во Зона Б, 30 денари од еден час и во зона Ц е 20 денари.

Од претријатието информираа дека викендов непознати сторители целосно ја оштетиле наплатната рампа на затворениот паркинг “Лирија”, спроти судот во Тетово. Случајот е пријавен во полиција. 

 

-ЈП “Градски паркинг” повторно апелира граѓаните да се воздржуваат од вакви несакани вандализми. Урбаната опрема треба сите да ја чуваме, градот припаѓа на сите подеднакво. Ова не е добра слика на нашето Тетово, информираат од претријатието.

Од таму велат дека сите паркинзи се покриени со безбедносните камери, а сторителите ќе се дознаат преку прегледувањето на снимките.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Капелата за православните гробишта „чека“ нов тендер за да почне да функционира

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.