Во тетовскиот регион за последните 24 часа се евидентирани нови 41 заболен од Ковид-19, со што активно болни има 345 лица или вкупно 1827. Оздравени се 10 лица.
Тетовскиот регион е на трето место во Македонија по бројот на активно болни. Скопје има 3174 лица, Струмица 383 Тетово 345, па следуваат Куманово со 290 и Прилеп со 278.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти.
Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.
А.С