• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовци се уште без информации за загадениот воздух

Изминува речиси половина година, период во кој жителите на Тетово не можат да проверат дали има присуство на отровните честички пи-ем 10 и пи-ем 2,5 на интернет страница на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се објавуваат податоци од мерните станица за квалитетот на воздухот.

20/09/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изминува речиси половина година, период во кој жителите на Тетово не можат да проверат дали има присуство на отровните честички пи-ем 10 и пи-ем 2,5 на интернет страница на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се објавуваат податоци од мерните станица за квалитетот на воздухот.  И понатаму не се објавуваат информации, а уште во април од одделението за мониторинг на квалитетот на воздухот соопштија дека е поради тоа што инструментот за мерење е однесен на сервисирање во Виена.  На страницата има можност да се видат податоци само за сулфур диоксид, додека нема пристап до параметрите за азот двооксид, јаглерод моноксид и озон  како и за РМ10 и РМ2,5 .

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули при посетата на Тетово изјави дека се набавени делови за мерни станици за повеќе градови, па очекува дека и од тетовската мерна станица ќе може да се добиваат резултати.

-Почнаа да работат две од расипаните станици во Скопје, во овој момент стигнаа на царина во Скопје резервни за пет мерни станици така да во брзо време очекуваме да профункционира мерната станица, изјави заменик министерот Јани Макрадули.

Тетово со години наназад бележеше огромен број денови во кои има присутство на отровни материи далеку над дозволеното. Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните пи-ем 10 честички. Во 2018 во Тетово надминување од над 50 микрограми пи-ем 10 честички на кубен метар имало во дури 134 денови. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички.

Тагови: мониторинг станицапи-ем 10 отровни честички

Поврзани објави

Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Следна објава

Бесплатни обуки за столар, бравар и пекар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!