• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Тетовчанецот Александар Бојчевски во Германија како научник истражува за поголема безбедност на луѓето на интернет

20/06/2021
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Посветеноста, трудот и желбата за компјутерските науки се причина 30 годишниот Александар Бојчевски од Тетово веќе неколку години да се наоѓа во Германија каде успешно почнува да ја гради неговата кариера во научно-истражувачката дејност.  Магистерските и докторските студии по компјутерски науки ги стекнал во Германија, а од есенва го очекува новиот предизвик- работата во ЦИСПА Хелмхолц центарот за безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти.

-Главната тема на моето истражување (кое го вршев за време на докторските студии и што во иднина ќе го продолжам во ЦИСПА) е „Доверлива Вештачка Интелегенција”. Во полето на вештачката интелегенција (специфично, машинско учење) станува збор за модели и алгоритми кои автоматски учат различни концепти или однесувања врз голема база на примероци. На пример ако имаме социјална мрежа каде што има вистински корисници и ботови (интернет онлајн робот). Прво ќе собереме голем број на примероци од овие различни две категории (вистински корисник или бот) кои што ќе ги искористиме да го научиме компјутерот да ја препознае разликата помеѓу нив. Со тоа ќе можеме да креираме алгоритам кој што ќе може автоматски да предвиди дали одреден нов корисник во иднина е вистински или пак е бот. Според друг пример може автоматски да предвидиме дали на една слика има човек или животно, или пак автоматски да превидиме колкави се шансите одреден пациент да заболи од рак, и така натаму. Значи земаме голем број на примероци (вистински vs. бот, човек vs. животно, здрав vs. заболен од рак, итн.) и креираме алгоритам кој автоматски ќе ги препознае разликите, објаснува Александар. 

Младиот тетовски научник во Германија објаснува дека негов фокус е како да се направат тие  алгоритми и модели да бидат доверливи, односно да знаат луѓето дека имаат одредена безбедност кога користат интернет и социјални мрежи.

-Или поспецифично кажано јас студирам како да ги направам алгоритмите да бидат отпорни на напад и манипулација. На пример ботовите може да пробаат да го излажат системот и да го манипулираат своето однесување за да не бидат фатени (да не бидат класифицирани како бот). Јас студирам начини како да го спречам тоа. Понатаму да бидат алгоритмите фер за сите корисници. На пример тоа значи дека сите корисници без разлика на нивниот пол или години или раса ќе бидат третирани подеднакво од алгоритмот. Исто така дел од работата е да се заштити приватноста на корисниците и да можат да бидат протолкувани (да може и обичен корисник да ги разбере, не само експерти), објаснува Александар Бојчевски.


Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е почетната негова станица на патот кон развивањето на компјутерските науки сега во Германија. По дипломирањето во 2013 година успеал да добие целосна стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена) за магистерски студии во Германија.

– Со таа стипендија студирав на техничкиот универзитет во Минхен. Потоа продолжив со докторски студии на техничкиот универзитет во Минхен, каде што во декември 2020 дипломирав со највисоки почести (summa cum laude). Така сега од есен започнувам нова позиција како дел од факултетот на ЦИСПА каде што ќе надгледувам и водам тим од неколку докторанти, и ќе држам предавања на универзитетот во Сарланд. ЦИСПА припаѓа на здружението на германски истражувачки центри Хелмхолц и е голема германска федерална истражувачка институција.

Главниот истражувачки фокус е безбедноста на информациите од сите нејзини аспекти, ни рече во разговор Александар.

Младиот тетовец е воодушевен од можносите во Германија особено за научно-истражувачка работа.

-Една од најголемите разлики помеѓу Германија и Македонија е во бројот на можностите за младите, особено за оние кои што сакаат да го следат акедемскиот пат и да се бават со наука и истражување. Се надевам дека во иднина ќе има повеќе такви можности во Македонија, како и поголема соработка со науно-истражувачките институти во Европа. Кога станува збор за секојдневиот живот во Германија позитивно сум изненаден од тоа колку имаат Германците отворен ум, вели Александар.

Пред да замине во Германија Александар не го знаел германскиот јазик но после осум години веќе го совладал јазикот.

-Немав претходно познавање на германскиот јазик. Но, како дел од ДААД стипендијата, пред да започнам со магистерските студии, поминав два месеци во Манхајм на интензивен курс. Преку овој курс стекнав основно познавање на германскиот јазик, доволно за секојдневна употреба. Иако сите предавања за време на неговите студиите беа на англиски и познавање на германски јазик не е неопходно, дополнителен странски јазик е во секој случај голем плус, вели младиот тетовец.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години – реновиран е за да биде засолниште и за идните генерации планинари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.