• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовчанецот Арлинд Хусеини – селектор на карате репрезентацијата У21 со осврт за настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори во Финска

24/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Карате репрезентацијата на Македонија во карате учествуваше на 48-мото Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 се одрза во Тампере, Финска од 20-22 август. За Тетово инфо специјален осврт за настапот на македонските каратисти направи селекторот Арлинд Хусеини, кој е од Тетово.  Освоени се четири медали – златен медал и прво место на Стефан Стојановиќ во категорија јуниор со над 76 килограми,  Столе Смилковски за У21 во категорија под 67 кг со освоено второ место и сребрен медал, Андреј Басаров кадет во категорија над 70 килограми со второ место и сребрен медал и Матеј Белистојановски кадет во катергорија под 52 килограми со трето место и бронзен медал. 

 

-Како селектор на У21 можам да речам дека очекувањата беа повисоки во У21 поради тоа што во изминатиот период имавме сериозни резултати особено во 2019 кога имавме две златни медали  што е историски подвиг во категорија под 75 килограми за Доан Османи и во под 84 кг за Петар Спасеновски со кои сме презадоволни како резултат на целата репрезентација, ние како селектори и на Карате федерација на Македонија.

-Столе Смилковски, со сребрениот медал, во секоја борба беше сериозен, дисциплинира во секоја секунда, резултираше позитивно речиси во секој напад и против напад… значи 6 професионални борби на Смилковски од кои 5 победи и еден пораз имаше од репрезентативецот на Турција. Треба да потенцирам дека У21 категорија има сериозни пред се сениорски правила а за кој настапуваат натпреварувачи на премиер лиги, европски и светски сениорски првенства така да резултат или медал во У21 не е мал резултат туку е висок резултат без разлика дека имаме само еден медал но сепак е финале на Европско првенство и е вредно достигнување.  Задоволен сум од настапот на Столе Смилковски, му честитатам како негов селектор, до мнеговиот тренер Александар Кузмановски кој е актуелен селектор на кадети и јуниори и се надевам да продолжи со резултати.

Близу до медал беа Бериз Куртановиќ, Магдалена Божиновска и Марија Милева. Во категорија +84 Бериз Куртановиќ, имасе две одлично борби, тактички победи против руски каратист во првото коло и против германски кои ги доби со 10-2, потоа во трето коло поразен од репрезентативецот од Турција со 0-1. Следуваше репасаж  но не успеа да влезе во борба за бронза. Му недостигаше многу малку но поради повреда на левата нога неможеше да даде максимумот и заврши на 7 место кој според мене не е задоволителен поради тоа што Бериз има капацитет за повисок резултат.

 

– Магдалена Бозиновска -61 кг, прво коло победи над Кипар со резултат 5-2, второто коло против Норвешка победи со висок резултат 8-2, трето коло поразена од репрезентативката од Луксембург со резултат 7-4 потоа следуваше борба во репасаж при што истотака бевме поразени од Полска со резултат 3-1 со што освои 7 место. Истотака не можам да речам дека сум задоволен од Магдалена поради тоа влеговме во првенство со големи амбиции.

Мариа Милева -55 категорија, прво коло победа над Шпанија со резултат 3-0, второ коло против Унгарија при што до последни мигови имавме сигурна победа со резултат 2-0 но добивме удар со нога кој изненадувачки но сепак поен со кој изгубивме со резултат 3-2, истата отиде во финале и на Марија и следуваше репасажкој исто така не го искористивме поради пораз од висок резултат од 7-1. Имаме потенцијал но треба само да го искористиме. Им честитам на сите такмичари кои одржуваа одлична атмосфера и беа мотиварани за резултат на ова значајно првенство . Останатите каратисти што не добија резултат не значи дека се некавалитети, напротив тие се многу квалитетни не случајно се државни шампиони, се надевам дека во иднина со повеќе работа и среќа ќе имаат да достигнат повеќе.

 Нормално дека можевме повеќе, тоа го реков и погоре дека ние како репрезентација во глобала имаме висок потенциал и квалитет на клубови, тренери и каратисти кои во последно време рангираме со најсеризните земји во ервропа. Сепак не се посрамотивме туку  напротив се боревме до крај како и личи на една репрезентација која е рангирана на 10-то на ранг листа на 45 земји учесници и вкупни 1080 натпреварувачи.

– Голема е перспективата на оваа генерација. Имаат висок квалитет и верувам дека ќе продолжиме со резултати и на други првенства а зошто да не во сениорски. Ние сме мала држава но со големо срце… нема застанување, идеме само напред. На крај благодарнист до КФМ, ние како селектори ( Арлинд Хусеини У21, Александар Кузмановски кадети- јуниори и Стојан Андриевски Кати) што дадовме максимум во сите спекти и нашиот претставник светскиот судија Боби Војдиновски, истакнува м-р Арлинд Хусеини, селектор на борби за категорија У21. 

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Почина 21 годишник поради Ковид-19, вкупно шест смртни случаи во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.