• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовчанецот Стојко Пауновски со голема поддршка од јавноста во судирот со Зоран Заев

23/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорот на пазарна инспекција Стојко Пауновски, инаку од Тетово доби голема поддршка од јавноста во судирот преку медиумите со премиерот Зоран Заев, откако рече дека нема да ги прими на работа рамковно вработените објаснувајќи дека не се потребни административци туку има потреба од вработување уште инспектори за на терен и пред се во источниот дел на Македонија.  Од друга страна Заев преку националните медиуми изјавува дека Пауновски не смеел да си дозволи да ги понижува надредените, да не почитува хиерархија и секој ден јавно да води полемика  со потпретседателот и со претседателот на Владата и најави негово разрешување.

-Стојам на тоа ако и премиерот не ме разбира и не сакаат да ја разгледаат ситуацијата во пазарна инспекција, слободно нека ме разрешат уште во вторник. Тоа што се бара од мене не можам да го спроведам, истакнал Стојко Пауновски денес во изјава Телма Телевизија.

Станува збор за 35 лица кои како рамковно вработени Министерството за политички систем определиле да работат во Државниот пазарен инспекторат.

На социјалните мрежи Стојко Пауновски ја доби поддршката од голем број граѓани кои ја истакнуваат неговата истрајност во спроведувањето на законските прописи и реалното менаџирање со Државниот пазарен инспекторат.

-Само во Македонија може да те разрешат затоа што си ја работиш својата работа и гледаш да ги подобриш работите. Фактот дека премиер кажува јавно дека ќе разреши функционер само заради „пркос“ е точен показател кое дно сме, пишуваат граѓаните.

Се појавија и неколку графички прикази и илустрации за целиот случај.

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Се одржа манифестацијата „Лазарски обредни поворки во Теарце“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!