Жител на Тетово се снимал на социјалната мрежа “Тик-ток“ како вози 300 километри на час на автопатот кон Гостивар. Добил казна според Законот за безбедност на сообраќајот.
-Пполициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го откриле и санкционирале 24-годишниот тетовец Б.Ј. – возач на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кој вчер околу 12 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „тик-ток“. Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Воедно на 24 годишникот ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.
Во периодот од 10 часот и 30 минути до 15 часот вчера на тетовските улици„ЈНА“ и „Маршал Тито“ и регионалниот пат Тетово-Скопје, поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци биле времено одземени три патнички моторни возила: две со тетовски и едно со скопски регистарски ознаки. Против сопствениците на трите возила ќе следуваат поднесоци.
Исто така вчера полицијата од 12 до 16 часот во акциска контрола изрекла 18 прекршоци за техничка неисправност: на сопирачки (2), други уреди (6), истечени сообраќајни дозволи (3) и вградување на флешери (1), како и други видови недостатоци (6).Поради овие недостатоци 11 возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им се изготвени поднесоци.При контролата, откриени се и 8 лица кои ги управувале возилата без возачки дозволи, 11 други прекршоци и 8 непрописно, односно погрешно паркирани возила.
Во периодот од 21 до 23 часот, со употреба на таканаречен „ноќен радар“ казнила 27 возачи поради зголемена брзина во населено место, односно за пречекорување на брзината за 30 до 50 и над 50 километри на час повеќе од максимално дозволената.
А.С