• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Тетовчаните Ана Андонова и Глигор Кондовски добија највисоки фестивалски филмски награди

Ана Андонова освои Златна Плакета за експерименталниот филм  „Конекција“ и Бронзена Плакета за краткиот филм ,,Кутија со музика“, додека Глигор Кондовски освои Златна Плакета за режија за документарниот филм „Јас ќе си пеам“.  

17/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На годинешниот Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија – ДФНФ 2020 тетовските автори Ана Андонова и Глигор Кондовски се закитија со највисоките фестивалски награди. Ана Андонова освои Златна Плакета за експерименталниот филм  „Конекција“ и Бронзена Плакета за краткиот филм ,,Кутија со музика“, додека Глигор Кондовски освои Златна Плакета за режија за документарниот филм „Јас ќе си пеам“.

Годинашново 49-то издание на Фестивалот се одржа во Кинотека на Македонија  во Скопје во организација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија со подршка на Агенцијата за филм, а на него пристигнаа 31 филм од повеќе автори од неколку градови во државата. Овој традиционален фестивал секоја година ги претставува делата на филмските аматери од Македонија во неколку категории: документарен, краток, експериментален и анимиран филм.

-Последниве 5 години секој година учествувам на Државниот фестивал на непрофесионален филм во Македонија и речиси секоја година освојувам по некоја награда. Оваа година бронзена плакета освои филмот ,,Кутија со музика“ каде што главната улога ја има младата Мила Глигоровска. Златна плакета за експериментален филм освоив со филмот ,,Конекција“ во кој учествува балерината Наташа Оклевска Момировска. Наградите и учеството ми беа огромна чест и се надевам дека истото ќе се повтори и следната година и дека ќе има уште поголема конкуренција.“ вели Ана Андонова.

Документарниот филм на Глигор Кондовски „Јас ќе си пеам“ освен што ја освои Златната Плакета за режија тој ја доби и наградата „Гран при“ како најуспешен  филм на фестивалот.

-Оваа награда ја должам на најстарата пеачка група во Тетово и пеачите кои целиот свој живот си пееле, сеуште пеат, и ќе пеат иако имаат тага како и секој човек. Taка се вели и во песната “Јас ќе си пеам” на Васка Илиева. Идејата на текстот прерасна во сценарио за на крајот да се овековечи во краток документарен филм. Радослав и Томислав, кои сега пеат со ангелите се: “Другари ми беа гранчиња, гранчиња од трендафил”. Голема благодарност до нивната доверба и помош при реализирање на овој документарен филм, без нивното пеење немаше да се случи приказната. Бев изненаден на оваа награда бидејќи документарниот филм не е во стандардна телевизиска форма со класични интервјуа или некаков voice over. Камерата ги набљудува во вид на опсервација врз нивната љубов кон пеењето на кое му посветиле голем дел од својот живот“ изјави авторот Глигор Кондовски.

Филмовите „Конекција“ и „Јас ќе си пеам“, заедно со уште 4 други филмови кои беа наградени на Фестивалот, ќе ја претставуваат Македонија на 82-то издание на меѓународниот филмски фестива на аматерскиот филм УНИКА кој наредната година се предвидува да се одржи во Велика Британија.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Ковид-19: Две починати лица на 59 и 81 година, вкупно 175 го изгубиле животот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.